Инспекторат за екологија: Ни од „Либерти“ ни од „Макстил“ не истекува црвена отпадна вода во Вардар

447

По добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, инспекторите излегоа на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор ја утврди следната фактичка состојба, информира Државниот инспекторат за животна средина.

– Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување. Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и се утврди следната фактичка состојба Во момент на надзорот погонот Лужилница не  беше во работен режим,односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица  утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим, и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна. Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје, и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода – велат од Инспекторатот.






Од таму додаваат дека ниту Либерти АД Скопје нту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

 

Поврзани содржини