ЏИНПИНГ МИ ВЕТИ, НО РЕЧЕ И ДЕКА ИМА ТРПЕНИЕ Трамп откри што зборувал со колегата за Тајван
Претседателот Си ми го кажа тоа, на што јас одговорив дека го ценам тоа. Но, тој, исто така, ми рече: Јас сум многу трпелив, а Кина е многу трпелива“, изјави шефот на САД запрашан за односите со Кина во врска со Тајван.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот кинески колега Си Џинпинг му рекол дека Кина нема да го нападне Тајван додека тој е на функција.
Трамп ова го кажа во интервјуто за „Фокс-њуз“, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за руската инвазија на Украина.
– Ќе ви кажам, знаете, имате многу слична работа со претседателот Си за Кина и Тајван, но не мислам дека постои можност тоа да се случи додека сум тука. Ќе видиме – рече Трамп за време на интервјуто за Фокс њуз.
Шефот на САД додаде:
– Кинескиот претседател ми рече дека никогаш нема да го направам тоа додека сте претседател. Претседателот Си ми го кажа тоа, на што јас одговорив дека го ценам тоа. Но, тој, исто така, ми рече: Јас сум многу трпелив, а Кина е многу трпелива“ – додаде Трамп.
Кина го смета Тајван за своја територија и вети дека ќе го „обедини“ демократскиот и одделно управуван остров, со сила доколку е потребно.
Кинеската амбасада во Вашингтон вчера го опиша прашањето за Тајван како „најважното и најчувствително прашање“ во односите меѓу Кина и САД.
– Владата на САД треба да се придржува до принципот на една Кина и трите заеднички коминикеа меѓу САД и Кина, разумно да се справува со прашањата поврзани со Тајван и сериозно да ги заштитува односите меѓу Кина и САД, како и мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец – изјави портпаролот на амбасадата, Лиу Пенгју.
Иако Вашингтон е главен снабдувач со оружје на Тајван и меѓународен поддржувач, САД, како и повеќето земји, немаат формални дипломатски врски со островот.