ЏИНОВСКИ МАГАРИЊА СЕ ХИТ ВО СРБИЈА Тежат 150 килограми, три пати повеќе од обичните!
Многу се мирни, интелигентни. Јадат сè. Како што велат, магаре може да расте на трн. Ништо не им треба. Тие се многу едноставни животни, вели Будаи кој бил дел од проектот кој го спроведува резерватот во Банат.
Нова раса магариња слични на балканското магаре, но тешки 150 наместо 50 килограми беа откриени од тим ескперти во полињата на Банат во Војводина. Золтан Будаи, љубител на магариња го забележал овој феномен во Специјалниот резерват „Засавица“ каде се чува и најголемото вакво стадо од 300 магариња, пишува српскиот НешнлГеографик.
– Имав уште, но кога имам млади, доаѓаат и ги носат. Ги носат на игралиште, каде има деца и си играат со нив. Многу се мирни, интелигентни. Јадат сè. Како што велат, магаре може да расте на трн. Ништо не им треба. Тие се многу едноставни животни – вели Будаи кој бил дел од проектот кој го спроведува резерватот.
Магарињата во Банат даваат малку, но многу квалитетно млеко кое потоа скапо се продава.
Постапката за регистрирање на новата раса ќе се спроведува во соработка со српското Министерството за земјоделство. Експертите наведуваат дека во вакви случаи важно е името да вклучува географска одредница.
– Банатското магаре дојде во нашиот крај со Марија Терезија, која ги донесе овие животни во Војводина, пред се во Банат, каде што овие магариња обработуваа лозја и земјоделство, има големи уши, дава поголема количина млеко, а во последните неколку месеци се прават обиди за одгледување на оваа раса. Банатското магаре се идентификува како посебна раса – посочува Игор Рабат, доктор по ветеринарна медицина.А
Нова раса магариња слични на балканското магаре, но тешки 150 наместо 50 килограми беа откриени од тим ескперти во полињата на Банат во Војводина. Золтан Будаи, љубител на магариња го забележал овој феномен во Специјалниот резерват „Засавица“ каде се чува и најголемото вакво стадо од 300 магариња, пишува српсиот НешнлГеографик.