Џиновски флешмоб: „Несуштински“ трговци кои го имитираат нивниот погреб во Тулуз

363

Околу илјада демонстранти облечени во црно денеска се собраа во Тулуз за да го привлечат вниманието на состојбата на „несуштинските“ трговци и услужни дејности, принудени да ги  затворат продавниците за време на новите мерки на ограничување на сила од пред една недела, јави дописникот на МИА.

Угостители, продавачи на книги, уметници, сопственици на бутици, околу илјада … Сите облечени во црно, учествува во џиновскиот флешмоб на плоштадот Капитол во Тулуз, за да го изразат нивниот  страв дека нема да ја преживеат здравствената криза доколку нивните активности бидат прекинати подолго.






– Сите сме од суштинско значење, сите сме погодени, можеше да се прочита на огромен екран инсталиран пред учесниците, кои се срушија на земја едни по други, кога беше објавен нивниот сектор на активност. Потоа, за неколку минути, црна покривка – претставена од стотици чадори – го покри плоштадот Капитоле, со гласот на тенорот и поранешен рагбист Омар Хасан.

Настанот, пријавен уредно во префектурата, и им обезбеди простор од 4м² на секој од учесниците, главно беше организиран од Конфедерацијата на мали и средни претпријатија од Горна Гарона и ги обедини угостителите, спектаклот, уметноста и културата и особено спортот.

– Тоа е пред се симболичен пристап за да се илустрира големиот јаз меѓу декларациите на Претседателот на Републиката и она што се случува де факто на теренот – изјави Самуел Цет, претседател на Конфедерацијата на мали и средни претпријатија од Горна Гарона.

– Штом владата одлучи да не затвори или присили, таа е одговорна да ни ја надомести штетата – рече тој, посочувајќи дека со помош од 1500 евра од државата„ во одредени случаи “, „не можеме да купиме ни тоалетна хартија “ .

Борис Мас, сопственик на четири барови и два бар-ресторани во Тулуз, има 90 вработени и неколку милиони евра долг.

– Ние ги поминуваме нашите животи создавајќи го нашиот бизнис и се ни се одзема за неколку месеци. Ние не сакаме милостина, ние само бараме право на работа, во согласност со здравствените мерки, како оние кои продолжуваат да патуваат со метро секој ден – инсистираше тој.

Жан-Франсоа Ренак, претседател на здруженијата на организатори на спектакли и настани предупредува на „масакрот“ во секторот за настани.

– Нашите вработени се на делумна невработеност, но за газдите нема ништо планирано -жали тој и предупредува дека меѓу 80 и 120 претпријатија од овој сектор во Тулуз можат да пропаднат, ако ништо не се промени.

Поврзани содржини