ЏИНОВСКА ПАСТРМАЛИЈА, НАТПРЕВАР ВО БРЗО ЈАДЕЊЕ И ДОБРА МУЗИКА Се крчка 16. издание на „Пастрмалијада“ на нова локација

кедонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од „Пастрмалијадата,“ со што ќе се понуди забава за сите генерации.

1,188

На 20 и на 21 септември во Штип ќе се одржи 16. издание на манифестацијата „Пастрмалијада“.

На денешнта прес-конференција Александар Арсовски, како организатор од Општина Штип, и познатиот македонски водител Миро Кацаров истакнаа дека новата локација за оваа манифестација е улицата Ванчо Прќе, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и со добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава. И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрмајлија, како и натпревар во брзо јадење.






– Имаме одлични изведувачи, пред сѐ македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата Ванчо Прќе. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има многу вибрации – вели Кацаров.

Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од „Пастрмалијадата,“ со што ќе се понуди забава за сите генерации.

– Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо – додава Кацаров.

Годинава за првпат ќе има и денски забави на едносмерната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалаци. На почетокот на септември на редовниот состанок ќе се одреди цената и стандардот на пастрмалии. Инаку, до 15 септември улицата Ванчо Прќе треба целосно да биде завршена и да почне да функцира како шеталиште.

Поврзани содржини