Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во село Градмановци, Катланово.
При тоа била пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, како и 2 килограми марихуана.
Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.