Иницијативниот одбор го одложи вонредниот конгрес во ВМРО ДПМНЕ
Поради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот вонреден конгрес, се вели во соопштението.
Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ поради епидемиолошката состојба со ковид-19 го одложува закажаниот конгрес кој требаше да се одржи на 28 март годинава, информираат оттаму.
„Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржа состанок на кој беа разгледани подготовките за конгресот закажан за 28 март во Скопје. Поради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот вонреден конгрес. Иницијативниот одбор навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се вели во соопштението.