Иницијативен одбор на ВМРО-ДПМНЕ: Вонреден конгрес ќе има, партијата не е хидроцентрала на Мицкоски

700

Мафија што му служи на Заев се оние кои му глумат статисти на избори и ги бројат поразите одбивајќи да понесат било каква одговорност, реагираат од Иницијативниот  одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Мицкоски.

„Мафија што му служи на Заев се оние за кои беа објавувани информации за сомнително стекнати хидроцентрали, но институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев, одлучија да не ги чепкаат. Мафија што му служи на Заев се оние кои со непотизам се стекнале со звања на факултети, но повторно институциите за кои се тврди дека се под влијание на Заев ги прикриваат. Мафија што му служи на Заев се оние кои одат по теретани и кафеани, ангажираат полиција, фрлаат снимки од камери по буриња за време на корона рестрикции, но институциите за кои се вели дека се под контрола на Заев ги амнестираат. Мицкоски е прочитан. Тој нема капацитет да го поведе членството и народот. Ваков Мицкоски му одговара на СДСМ и Заев да биде доживотен претседател. Вонреден конгрес ќе има бидејќи партијата не е хидроцентрала на Мицкоски. Или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски“, вели во реакцијата Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини