ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ НА АСЈО НЕ СМЕЕШЕ ДА БИДЕ ОТФРЛЕНА Императив треба да биде санкционирање на пријавените, реагира ДКСК

Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, нешто кое е утврдено со одлука на ДКСК и е потвредно од Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во рамките на законските рокови, велат од ДКСК.

528

Иницијативата за одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители(АСЈО) не смееше да биде отфрлена, реагира Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК).

Оттаму велат дека иницијативата е поднесена во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности, реагираат од ДКСК.






„Особено сакаме да потенцираме дека најголем императив во постапувањето на Судскиот совет треба да биде санкционирање на пријавените, со оглед на тоа што од страна на пријавените лица е постапено спротивно на закон, нешто кое е утврдено со одлука на ДКСК и е потвредно од Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, во рамките на законските рокови“, велат од ДКСК.

Нивната реакција доаѓа откако Судски совет донесе одлука за отфрлање на иницијативата на Антикорупциска за утврдување одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители со образложение дека истата била ненавремена.

Поврзани содржини