Иницијативата стаса кај Џафери, се чека дали претседателот ќе го свика Собранието ФОТО

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ рече дека чекаат да го видат барањето, но додадоа дека не разбираат која е целта за итно свикување на веќе распуштено Собрание.

356

Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесе барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Иницијативата е доставена до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.






Според информации од кабинетот на Џафери, на иницијативата се потпишани 35 пратеници.

Џафери вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ рече дека чекаат да го видат барањето, но додадоа дека не разбираат која е целта за итно свикување на веќе распуштено Собрание.

Собранието се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.

Поврзани содржини