Информатичарите, рударите и здравствените работници го подигнаа државниот просек на плати на 28.294 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември се зголемила во секторите „информации и комуникации“ за 15,5 отсто, „рударство и вадење на камен“ за 10,5 отсто и дејности на „здравствена и социјална заштита“ за 10 отсто.
Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала 28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.
Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „информации и комуникации“ за 15,5 отсто, „рударство и вадење на камен“ за 10,5 отсто и дејности на „здравствена и социјална заштита“ за 10 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „информации и комуникации“ за 14,4 отсто, „финансиски дејности и дејности на осигурување“ 12,5 отсто и „рударство и вадење на камен“ за 10,6 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42 227 денари.