Инфомакс објави аудио-снимки за Заев: „Мамето ќе му го е… на Орце Камчев!“

Порталот „Инфомакс“ објави четири аудио-записи за кои тврди дека еден од соговорниците е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а во една од тие снимки може да се слушне како тој се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе му го „е... мамето мамино“.

15,449

Уредникот на порталот „Инфомакс“, Александар Митовски, објави четири аудио-записи од разговор кој наводно лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го води со анонимен соговорник пред изборите во декември 2016 година, а како што објаснува Митовски, снимките ги добил од свиркач.

Од снимките може да се забележи дека разговорот е воден во угостителски објект, а на првиот аудио-запис се слуша како соговорникот дели мислење дека СДСМ ќе изгуби на изборите (мислејќи на декемвриските избори во 2016 година), затоа што, како што може да се слушне на аудиото, народот не ги сака. На ова, лицето за кое се вели дека е Зоран Заев му возвраќа дека размислува како „задоен вмровец“ и му вели: „ќе видиш што ќе се случи“.






Во втората снимка, пак, се слуша како лицето за кое се вели дека е Зоран Заев признава дека нелегално прислушуваните аудио-материјали не биле безбедни и дека не биле во посед само на партијата. Соговорникот тука го прашува зошто не му верувал нему и зошто разговорите му ги дал на Чауш, а овој одговара дека така требало да биде, бидејќи материјалот бил на албански јазик и требало да се преведува со цел да може да се удри и по Али Ахмети.

– Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент, сите се мои – говори лицето за кое се тврди дека е лидерот на СДСМ во третиот аудио-запис.

Во последната снимка, пак, човекот за кој се вели дека е Зоран Заев се заканува дека на бизнисменот Орце Камчев ќе му го „е… мамето мамино“.

„Ова е само увертира во сè она што свиркачот го достави до мене. Јас ќе ја почитувам неговата желба и засега објавени ќе бидат само првите четири аудио-записи“, напиша Митовски на „Инфомакс“.

Чекаме од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да соопшти дали снимките се автентични или не.

Поврзани содржини