Инфлуенсерка заврши со лисици на рацете поради тоа што му го направи на популарниот знак Холивуд ВИДЕО
Инфлуенсерката која што се прослави во 2019 година откако ги покажа своите гради во живо на натпревар по бејзбол, повторно заврши со лисици на рацете откако знакот „Холивуд“ го поправи во „Hollyboob“.
Џули Роуз и уште пет луѓе биле уапсени поради промена на легендарниот холивудски знак, а Роуз објавила и видео на социјалната мрежа Твитер.
Иако на видеото се гледа како ја приведуваат со лисици на рацете, „New York Post“ известува дека сите лица кои што биле вклучени во тоа обвинети биле само за прекршок, а потоа ослободени.
Роуз на популарниот знак, го ставила зборот „boob“.
Освен што повторно привлекла големо внимание, Роуз вели дека сето тоа го извела во знак на протест против Инстаграм поради тоа што ѝ ги блокирал профилите.
Инаку, Роуз е основач на дигиталниот магазин „ShagMag“, а за „Дејли мејл“ изјавила дека ѝ е оневозможена работата поради голотијата, но наведува дека таа не прави ништо повеќе од тоа што „Плејбој“ правел и додава дека се дискриминираат нејзините профили.
„Луѓе, конечно го поправив знакот Холивуд“, напишала таа покрај снимката која што предизвикала лавина реакции.
guys…. I finally fixed the Hollywood Sign 👯♀️ #hollyboob pic.twitter.com/UsseSSkkRO
— Julia Rose (@JuliaRose_33) February 1, 2021
that one time I changed the Hollywood sign to #hollyboob pic.twitter.com/IrIC6DpXHO
— Julia Rose (@JuliaRose_33) February 2, 2021
FOTO: Instagram