Инфлуенсерка загина поради селфи, се фотографирала над водопадот (ФОТО)

870

Инфлуенсерката Софија Чеунг (32) загинала додека се обидувала да сними селфи на карпата над водопадот во близина на Јуен Лонг во Хонг Конг.

Софија со три пријателки тргнала на излет во паркот „Ха Пак Лаи“ во саботата околу 11 часот, пишува „Сан“.






После тоа, таа се обидела да направи селфи над водопадот, кога изгубила рамнотежа и паднала од карпата во бездната.

Нејзините пријатели веднаш повикале Брза помош, која пристигнала брзо и ја однела во болница, но веднаш констатирале смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌵SOPHIA CHEUNG🌵 (@hike.sofi)

Инфлуенсерката често објавувала фотографии на кои позира на рабовите на стрмни карпи и зборувала дека „животот треба да биде забавен, а не глупав“.

Софија не е прва што страдала додека снимала селфи. Минатиот јануари една Индијка загина, додека исто така се фотографирала покрај водопад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌵SOPHIA CHEUNG🌵 (@hike.sofi)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини