ИНФЛУЕНСЕРИ ЌЕ Ѝ ПОМАГААТ НА ВЛАСТА ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Системот „One Stop“ на границата со Косово открил многу бегалци од правдата

Директорот Јанев изјави дека интензивно се работи на воспоставување на системот „One Stop“ на граничниот премин Табановце – Прешево. Тој потсети дека веќе постојат успешно воспоставени „One Stop“ системи на граничните премини со Косово, на Блаце и на Јажинце. 

395

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, на промоцијата на кампањата што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, истакна дека институциите даваат силна поддршка на кампањата.






– Треба на проблемите кои што сите ние како граѓани ги имаме, а се генерирани од коруптивни дејствија, да почнеме да им ставаме крај. Ова да не бидат декларативни зборови, туку да преминеме во акција. Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе работиме на системите за пријавување корупција, како и обезбедување заштита и доверливост на лицата што пријавуваат. Наша задача е да создадеме доверба кај граѓаните, да ги охрабриме да бидат дел од решението и да им овозможиме безбедно и ефективно пријавување на коруптивни случаи. Верувам дека ќе обезбедиме ефикасна координација и брза реакција со цел тие да се процесуираат и санкционираат во најкус можен рок – рече Јанев.

Тој е убеден дека ќе се намалат коруптивните дејствија на сите нивоа.

Експертката за антикорупција и перење пари, Мојца Кузмички, посочи дека главниот фокус на оваа кампања е подигнување на свеста и градењето доверба, за луѓето да можат да ја препознаат корупцијата, да го разберат нејзиното штетно влијание и да се чувствуваат безбедно и охрабрено да преземат акција.

– Денеска не претставуваме само уште една кампања, воведуваме витална иницијатива, која се фокусира на превенција преку подигање на свеста, едукација и активно вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата, која не е задача само на една институција. Тоа е споделена одговорност на целото општество. Само преку соработка на граѓаните, органите за спроведување на законот и граѓанското општество можеме да изградиме потранспарентна, поправедна и доверлива држава. Со денешниот настан отвораме ново поглавје во кое секој поединец е дел од решението – нагласи таа.

Кампањата, која е дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, а спроведен во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе се промовира преку социјалните медиуми, медиумски платформи и со поддршка од влијателни јавни личности.

Директорот Јанев изјави дека интензивно се работи на воспоставување на системот „One Stop“ на граничниот премин Табановце – Прешево.

– Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламента и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде во функција. Во многу блиска иднина тоа ќе се случи – изјави Јанев.

Тој потсети дека веќе постојат успешно воспоставени „One Stop“ системи на граничните премини со Косово, на Блаце и на Јажинце.

– Во контекст на дигитализацијата можам да кажам дека бројките се солидни во начинот на тоа што откриваме на граничните премини, колку лица се детектирани по потерници и изведени пред лицето на правдата, нешто што не беше случај пред два месеца – рече Јанев.

Како што најавија претходно од Министерството за внатрешни работи, „One Stop“ системот кој неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Србија, па ќе следува имплементација и со Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји – соседи кои не се дел од Европската Унија.

 

 

Поврзани содржини