ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД ПАДНА НА 2,9 ОТСТО Може да се очекува и пад на каматите

Транспортот во САД порасна за 8,8% на годишно ниво, а цените на становите за 5,1%. И во двата случаја со побавно темпо од минатиот месец.

164

Годишната стапка на инфлација во САД во јули падна на 2,9% што е четврти месец по ред,  објави денеска американското биро за статистика на трудот (BLS).

Се проценува дека оваа стапка на инфлација е најниска од 2021 година наваму.






Цените на храната пораснаа за 2,2%, а енергенсите бележат раст од 1,1%.

Статистиката објави дека транспортот  порасна за 8,8%, а цените на становите за 5,1%.

Годишната стапка на базичната инфлација во јули од 3,3 % во јуни падна на 3,2%.

На месечна основа, инфлацијата во САД се зголеми за 0,2%.

Според овие резултати, може да  се очекува намалување на референтната каматна стапка во САД на септемврискиот состанок на американската централна банка FED.

Поврзани содржини