ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОКТОМВРИ ИЗНЕСУВА 3,5% Цените пораснаа за 3,5%

Во споредба, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5, а цените на мало од 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

34

Трошоците на животот во октомври 2023 година, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 3,5 %, а цените на мало за 3,4 %. Во споредба, пак, со септември годинава, трошоците на животот бележат намалување од 1,5, а цените на мало од 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај млекото за 10,1 %, јајцата за 9,0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4 %, свежото и разладеното овошје за 5,2 %, пивото за 4,3 %, сирењето и урдата за 4,1 %, месото за 3,4 %, лебот и житата за 3,3 % и маслото и маснотиите за 0,9 %.






Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,4 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 %, жестоките пијалаци за 1,4 %, рибата и морските плодови за 1,2 %, виното за 1,0 %, кафето, чајот и какаото за 0,4 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 9,5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 5,2 %, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 4,7 %, гасот за домаќинствата за 3,9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 2,6 %, домашните миленици и сродните производи за 2,2 %, туристичките аранжмани за 2,0 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,9 %, мотоциклите за 1,7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,6 %…

Поврзани содржини