ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА ВО ЈУНИ ИЗНЕСУВА 2,5 ОТСТО Највисок раст на цените има в Белгија, а најнизок во Финска

На месечна основа, цените во еврозоната во јуни пораснале за 0,2%, како и во претходниот месец. Кога се исклучени енергијата и храната, тие се зголемени за 0,4%.

86

Годишната стапка на инфлација во јуни во еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP),  изнесува 2,5%, пресметаа Евростат.

На месечна основа, цените во еврозоната во јуни пораснале за 0,2%, како и во претходниот месец. Кога се исклучени енергијата и храната, тие се зголемени за 0,4%.






Во јуни Белгија се издвоила со убедливо најсилен раст на цените во јуни во однос на истиот месец лани, за дури 5,5%, што е значително посилно од мај. По неа е Шпанија со раст од 3,5% на потрошувачките цени во јуни.

Блиску се и Хрватска и Холандија, каде што  потрошувачките цени измерени со HICP во јуни биле за 3,4%  повисоки во однос на истиот месец лани.

Најблаг раст на цените на годишно ниво, мерено со HICP, забележале во јуни Финска и Литванија, од 0,6, односно 1%, покажуваат податоците на европската статистика.

Поврзани содржини