ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА ПОРАСНА НА 2,6% ВО ЈУЛИ Најголем раст е забележан кај услугите од 4%

Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2% на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2%, а индустриските производи за 0,7%, со исто темпо како и во јуни.

83

 Годишната стапка на инфлација во еврозоната се зголеми во јули од јунските 2,5 на 2,6%, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат.

Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2% на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2%, а индустриските производи за 0,7%, со исто темпо како и во јуни.






Наспроти тоа, цените на услугите во еврозоната се зголемени за 4% на годишно ниво, а на храната, алкохолот и тутунот за 2,3% и во двата случаи со побавно темпо од јуни.

Поврзани содржини