ИНФЛАЦИЈАТА ЛАНИ ИЗНЕСУВАЛА 4,1% Цените на мало пораснале за 3,6%

На месечно ниво инфлацијата во декември во однос на ноември лани е зголемена за 0,4 %, а цените на мало пораснале за 1,9%.   

255

Инфлацијата во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4,1%, а цените на мало од 3,6%, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).                 .

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.






Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2%, Рекреација и култура за 6,4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9%, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6%, Разновидни стоки и услуги за 3,7%, Облека и обувки, Здравје за 3,1%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8%, Комуникации за 1,3%, Транспорт за 0,8% и Образование за 0,1%.

На месечно ниво инфлацијата во декември во однос на ноември лани е зголемена за 0,4 %, а цените на мало пораснале за 1,9%.

Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,8%, Рекреација и култура за 0,8%, Здравје за 0,7%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 %, Ресторани и хотели за 0,4%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2%, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1%.

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4% и Облека и обувки за 0,2%.

Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Поврзани содржини