ИНФЛАЦИЈАТА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ Реален пад од 1,5 отсто на прометот во трговијата на мало во април

Во „трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“, има номинален раст за 4,4 %, а реално пад за 3,5 %.

81

Во април годинава во споредба со април 2022, зголемување на прометот е забележано во „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ (номинално за 14,7 %, а реално за 0,5 %), соопшти Државниот завод за статистика.

Во групата „трговија на мало, освен трговија со горива“, прометот номинално е зголемен за 9,6 %, а реално бележи пад за 1,5 %.






Во „трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“, има номинален раст за 4,4 %, а реално пад за 3,5 %.

Опаѓање и на реалната и на номиналната стапка е забележано само во групата „трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 16,5 %, а реално за 15 %).

Поврзани содржини