ИНФЛАЦИЈАТА Е НАМАЛЕНА НА 3,5% Платите растат на секое поле

Инфлацијата денес е намалена на 3,5% за разлика од оние 20% во време на СДСМ, нешто кое што е докажано и може да се провери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

269

Повторно во СДСМ се однесуваат како да се „паднати од Марс“, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Инфлацијата денес е намалена на 3,5% за разлика од оние 20% во време на СДСМ, нешто кое што е докажано и може да се провери. Платите растат на секое поле, во образование, здравство, МВР, Армија, СОЗР, Финансии и во администрацијата. Економијата во државата оди во правилна насока. Трошоците се намалија преку новогодишната кошничка на Владата. Стапката на БДП е 3%. Сите анализи покажуваат дека се движиме напред. Но, за сѐ треба време. Она што СДСМ го направи со економијата изминатите 7 години, потребно е време да се исправи. Затоа граѓаните ни дадоа доверба да ја водиме државата кон подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини