Инфектологот од Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Илир Демири, вели дека во однос на лекувањето на болните од ковид-19 сè уште нема нови сознанија.
Според него, ковид-19 ќе биде проблем во светски рамки додека не се открие специфичен лек.
– Дотогаш, пристапот кон ковидот ќе биде со резерва и исходот ќе биде дискутабилен – вели инфектологот за ТВ 24.
Доктор Демири оценува дека повеќе фактори влијаат на високата смртност во државава и дека тоа се должи на немање на специфичен лек.
– Секој во државата треба да се запраша дали го направил тоа што треба, почнувајќи од самите семејства, матичните лекари и хиерархиски понатаму – вели Демири.