Инфектолог од Словенија: Наесен нѐ чека катастрофа ако не се вакцинираат постарите од 50 години
Во неделата од 18 до 25 јули во словенечките лаборатории со секвенционирање е утврдено дека во 98.1 отсто од анализираните примероци на коронавирус станува збор за делта сојот, објави денеска владата и додаде дека изворот на зараза е во локалната трансмисија, но и од увоз од други земји.
Инфектолог од Словенија Бојана Беовиќ предупредила дека во Словенија наесен може да дојде до епидемиолошка катастрофа ако во август не се вакцинираат против ковид-19 повозрасните од 50 години.
– Кај таа популација повеќе од третина не се вакцинирани и важно е тие да се заштитат уште во август бидејќи во спротивно не чека катастрофа, болниците повторно ќе бидат полни со ковид пациенти – предупредува Беовиќ која ја води владината група за вакцинација.
Бројот на дневните зарази е во пораст, рекла таа на новинарите, додавајќи дека тоа е очекувано со оглед на доминацијата на позарзаната делта варијанта на вирусот.
– Според проекциите, делта сојот побрзо се шири и ќе се заразат поголем број луѓе кои имаат услови за потежок тек на болеста, а не се заштитени – вели Беовиќ.
Во неделата од 18 до 25 јули во словенечките лаборатории со секвенционирање е утврдено дека во 98.1 отсто од анализираните примероци на коронавирус станува збор за делта сојот, објави денеска владата и додаде дека изворот на зараза е во локалната трансмисија, но и од увоз од други земји.
Поради влошената епидемиолошка слика и порастот на бројот на заразени Словенија при крајот на неделава од сигурната зелена би можела да премине во поризичната портокалова фаза на епидемијата, објави телевизија Словенија, а во изјава за медиумите тоа го потврди и Јелко Кацин, координатор на кампањата за вакцинација.