Инфективна в среда ќе направи сефте на фајзеровата вакцина
Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје. Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.
Министерството за здравство информира дека во среда во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе започне вакцинирање на здравствените работиници кои работат во ковид центрите во цела држава.
Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје.
Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.