ИНФЕКТИВНА Е ПОЛНА, ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ! Д-р Милена Стевановиќ очекува пандемијата да трае до крајот на 2022 година

3,991

Д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, за порталот Трилинг изјави дека болничките капацитети на клиниката се исполнети.

– Во моментот имаме 80 хоспитализирани пациенти на различна возраст, на жалост меѓу нив има и млади пациенти во тешка здравствена состојба – рече таа и додаде дека е тешко да се предвиди каква ќе биде состојбата со ковид-19, особено зимава.






Загрижувачки е порастот на заболени од Ковид 19 кај младата и кај невакцинираната популација.

– Пациентите кои претходно биле вакцинирани имаат далеку полесна клиничка слика од тие што не се вакцинирани – вели д-р Стевановиќ.

Таа предвидува дека пандемијата веројатно ќе трае до крајот на идната година.

Поврзани содржини