ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОРАСНА ЗА 5,2% Кои гранки беа најуспешни во март?

Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5% во секторот „рударство и вадење на камен“, а пораст од 4,8% во „преработувачка индустрија“ и од 12,9% во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“. 

69

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2% во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за 2%, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5% во секторот „рударство и вадење на камен“, а пораст од 4,8% во „преработувачка индустрија“ и од 12,9% во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.






ДЗС објаснува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на тутунски производи,  Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),  Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Кај Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место има раст од 15,1%, а кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 7,1%.

Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за  24,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3%.

Поврзани содржини