ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОРАСНА ЗА 3,8 ОТСТО Нема да верувате во кој оддел е забележан највисок раст
Кумулативно индустриското производство во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – јули 2023 година, е намалено за 3,9 %.
Индустриското производство во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, е зголемено за 3,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
По сектори најголем раст има во секторот „рударството и вадење камен“ од 14,9 %. Преработувачка индустрија бележи раст од 3,8 %, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пад на производството од 1.1 %.
Растот во преработувачката индустрија го прават 12 одделни каде што е забележан раст на производството. Највисок раст има во одделот „печатење и продукција на снимени медиуми (записи)“ од 121,4%, потоа кај производството на тутун од 69,3% и производството на прехранбени производи од 41,3%.
Најголем пад на производството има во одделот производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 50% и кај производството на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема каде што има пад на производството од 44,9%.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 2,8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 24,0 %, додека бележи опаѓање кај Капитални производи за 20,1 %.
Кумулативно индустриското производство во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – јули 2023 година, е намалено за 3,9 %.