ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ЛАНИ ПОРАСНАЛО ЗА 1,9% Рударството и енергетиката го намалиле производството

Пад на производството има во секторот „рударство и вадење на камен“ и тоа од 6,6% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 3,9%. Раст од 4,5% има во  „преработувачка индустрија“.

29

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2,3% во однос на декември 2024 година, а во 2025 во однос на 2024 година за 1,9%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на истиот месец од  2024 година, има зголемувањето на производството во одделите: „производство на прехранбени производи“ со 3,5%, „производство на пијалаци“ со 34,2% и „производство на моторни возила, приколки и полуприколки“ со 3,5%.






Пад на производството има во секторот „рударство и вадење на камен“ и тоа од 6,6% и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 3,9%. Раст од 4,5% има во  „преработувачка индустрија“.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3,9%, Капитални производи за 0,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8%.

1. Индекси на индустриското производстводекември 2025 (2024=100)
XII 2025
XII 2024
I-XII 2025
I-XII 2024
XII 2025
Ø 2024
XII 2025
Ø 2021
Вкупно 102.3 101.9 101.7 98.5
АЕ Енергија 96.1 94.0 111.6 107.1
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 109.8 112.1 104.6 90.7
ББ Капитални производи 99.2 97.6 79.5 91.2
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 96.2 95.8 90.4 104.6
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 102.4 98.8 115.9 111.9
Б Рударство и вадење на камен 93.4 99.5 90.5 83.8
      05 Вадење на јаглен и лигнит 112.5 103.0 92.4 64.6
      07 Вадење на руди на метал 81.1 93.0 84.2 82.8
      08 Вадење на други руди и камен 111.2 107.7 99.2 90.8
В Преработувачка индустрија 104.5 102.9 101.6 99.0
      10 Производство на прехранбени производи 103.5 101.0 101.5 95.0
      11 Производство на пијалаци 134.2 103.4 276.3 282.2
      12 Производство на тутунски производи 83.3 150.9 34.4 13.5
      13 Производство на текстил 92.7 95.7 88.2 95.9
      14 Производство на облека 92.4 97.6 100.9 76.8
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 131.4 121.5 129.8 88.9
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
162.0 121.6 99.9 108.0
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.3 99.1 104.6 88.8
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
76.1 100.7 120.1 117.1
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
97.1 101.3 83.4 81.1
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
95.3 95.6 105.2 150.6
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
196.1 182.9 174.4 151.1
      23 Производство на други неметални
минерални производи
137.9 115.0 103.0 105.8
      24 Производство на метали 83.4 91.5 78.9 49.9
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
79.4 74.0 77.6 50.7
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
115.0 99.2 121.3 78.3
      27 Производство на електрична опрема 98.8 109.3 102.8 109.3
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
98.0 90.9 85.8 93.7
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
103.5 103.6 72.8 87.3
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
70.1 99.2 96.7 112.6
      31 Производство на мебел 126.0 107.7 123.6 134.5
      32 Останата производствена индустрија 38.9 47.3 27.2 38.2
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 147.4 89.7 148.6 308.4
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
96.1 93.0 113.7 115.1
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
96.1 93.0 113.7 115.1
Поврзани содржини