ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 2,8% Тутунската индустрија повторно со највисок раст
Податоците на ДЗС покажуваат дека за растот на индустриското производство биле заслужни секторот енергетика каде што е забележан раст од 26,5% и преработувачката индустрија со раст од 0,4%.
Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8 % во однос на октомври 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Податоците на ДЗС покажуваат дека за растот на индустриското производство биле заслужни секторот енергетика каде што е забележан раст од 26,5% и преработувачката индустрија со раст од о,4%. Во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври годинава споредено со ланскиот октомври производството е намалено за 0,2 %.
И во овој месец како и во претходниот најголем раст на индустриското производство бележи тутунската индустрија од 175%. Во септември оваа индустрија имаше раст на производството од 184,1%.
Зголемување на производството во октомври на годишно ниво е забележано во одделите: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%…
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,6%.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2,4%.
| X 2025 X 2024 |
I-X 2025 I-X 2024 |
X 2025 Ø 2024 |
X 2025 Ø 2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 102.8 | 102.4 | 113.7 | 110.0 |
| АЕ Енергија | 125.9 | 94.0 | 105.1 | 100.9 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 110.5 | 112.7 | 125.5 | 108.9 |
| ББ Капитални производи | 90.8 | 97.4 | 105.4 | 120.8 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 82.4 | 97.5 | 94.5 | 109.3 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 101.3 | 99.2 | 114.2 | 110.2 |
| Б Рударство и вадење на камен | 99.8 | 100.5 | 104.6 | 96.8 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 124.1 | 102.6 | 95.3 | 66.5 |
| 07 Вадење на руди на метал | 93.4 | 94.7 | 96.6 | 95.0 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 105.8 | 107.9 | 119.3 | 109.2 |
| В Преработувачка индустрија | 100.4 | 103.3 | 115.2 | 112.3 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 100.7 | 100.4 | 140.8 | 131.8 |
| 11 Производство на пијалаци | 111.8 | 99.2 | 94.0 | 96.0 |
| 12 Производство на тутунски производи | 275.8 | 148.2 | 133.9 | 52.6 |
| 13 Производство на текстил | 97.3 | 96.7 | 103.8 | 112.8 |
| 14 Производство на облека | 96.1 | 99.7 | 94.6 | 72.1 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 114.1 | 119.9 | 132.5 | 90.7 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
125.9 | 116.9 | 261.4 | 282.7 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
96.2 | 99.2 | 101.3 | 86.0 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
117.9 | 104.2 | 103.3 | 100.7 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
71.0 | 102.6 | 93.0 | 90.5 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
116.3 | 98.1 | 128.7 | 184.2 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
177.5 | 180.5 | 195.3 | 169.3 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
98.3 | 113.3 | 115.8 | 119.0 |
| 24 Производство на метали | 85.8 | 93.1 | 92.3 | 58.3 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
92.3 | 73.6 | 94.9 | 62.0 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
120.7 | 98.0 | 129.1 | 83.3 |
| 27 Производство на електрична опрема | 112.0 | 112.0 | 125.3 | 133.1 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
84.4 | 90.3 | 91.6 | 100.0 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
93.2 | 103.9 | 113.1 | 135.6 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
80.2 | 105.5 | 96.5 | 112.3 |
| 31 Производство на мебел | 80.4 | 108.9 | 93.0 | 101.2 |
| 32 Останата производствена индустрија | 46.5 | 48.9 | 50.7 | 71.3 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 70.9 | 84.3 | 91.6 | 190.0 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
126.5 | 92.8 | 106.2 | 107.6 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
126.5 | 92.8 | 106.2 | 107.6 |