ИНДУСТРИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ЛАНИ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 5,5% Најмногу пораснале цените на енергијата
Лани од јануари заклучно со ноември продажните цени на индустриските производи вкупно се зголемиле за 1,1%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0,6 %, а на годишно ниво за 5,5 %, објави Државниот завод за статистика.
Во ноември 2024, во споредба со октомври 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 2,1 %, во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,7 %, во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 1,4 %, додека во секторот „снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината“ остануваат непроменети.
На годишно ниво (ноември 2024 – ноември 2023 година), продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 10,6 %, во секторот „преработувачка индустрија“ за 4,9 %, во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 14,3 % и во секторот „снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината“ за 4,5 %.
Лани од јануари заклучно со ноември продажните цени на индустриските производи вкупно се зголемиле за 1,1%.