Индустријата во мај бележи пад на прометот и на домашен и на странски пазар
Податоците на Државниот завод за статистика, говорат и дека прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи пад од 43,2 отсто.
Прометот во индустријата, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи пад од 36,6 отсто, а за периодот јануари – мај годинава во однос на тој период лани намалување од 19,8, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 20,6 отсто, „капитални производи“ за 57 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 35,1 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 19,8 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, има пораст од 5,3 отсто, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, има намалување од 4,9 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика, говорат и дека прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи пад од 43,2 отсто.
Гледано по главни индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 26,5 отсто, „капитални производи“ за 57,9 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 39,8 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 20,4 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, има зголемување од 53,6 отсто, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, намалување од 24 отсто.