Индонезиски министер потврди: Авионот на Сривиџаја ер се урнал во заливот кај Џакарта

Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион.

1,128

Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека авионот на „Сривиџаја ер“, со повеќе од 60 лица, се урна денеска во заливот кај Џакарта.

Тој рече дека авионот паднал близу остров во заливот.






Противпожарната служба на Џакарта објави на Твитер дека се пронајдени некои делови во заливот и дека се трага по исчезнатиот авион.

Авионот полетал од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и наскоро по полетувањето изгубил контакт со контролата на летање.

Локалните медиуми јавија дека во авионот „Боинг 737-500“ имало 56 патници и шест членови на екипажот.

Поврзани содржини