ИНДИСКИТЕ НЕВЕСТИ ЛАНИ БИЛЕ „ЗЛАТНИ“ Индија увезла злато вредно 55,7 милијарди долари

Златото се смета за суштински дел од миразот на невестата во Индија и, исто така, е популарен подарок за свадби.

278

Индија во 2021 година на увоз на злато потрошила рекордни 55,7 милијарди долари, во услови на силно закрепнување на побарувачката на овој благороден метал поттикната од падот на малопродажните цени и укинувањето на забраната за свадби поради пандемијата.

Владата лани увезла 1.050 тони злато, многу повеќе од 2020 година, а во потрошувачката на благородниот метал го надмина и рекордот од 2011 година, изјави владин функционер кој сакаше да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да зборува за медиумите.






Како потсетување, во 2020 година, владата потрошила 22 милијарди долари за увоз на злато.

-Минатата година побарувачката беше голема, бидејќи многу свадби со коронавирус беа одложени од 2020 за 2021 година – објасни трговецот со злато од Калкута, Харшад Ајмера.

Индиските власти воведоа мерки за штедење за време на првите бранови на пандемијата во 2020 година, погодувајќи ја побарувачката на злато за време на сезоната на свадби и клучните фестивали како Акшај Тритија, кога златото може да се купи по багателна цена.

Златото се смета за суштински дел од миразот на невестата во Индија и, исто така, е популарен подарок за свадби. Ајмера посочи дека корекцијата на цената на почетокот на минатата година го направи златото подостапно за клиентите на мало.

Во август 2020 година, цената на 10 грама злато на индискиот пазар достигна рекордни 56,191 рупии, за потоа во март лани да падне на 43,320 рупии, кога месечниот увоз порасна на рекордни 177 тони.

Поврзани содржини