Индиската армија соопшти дека 20 нејзини припадници загинале во судир со кинески војници

Индиската армија првично соопшти дека тројца нејзини војници се убиени, но подоцна објави дека уште 17 војници им подлегнале на повредите.

537

Индиската војска денеска објави дека 20 нејзини војници биле убиени во судирите со кинеските сили во спорното погранично подрачје во северна Индија, што е прв судир со жртви на нивната граница во децении.

Индиската армија првично соопшти дека тројца нејзини војници се убиени, но подоцна објави дека уште 17 војници им подлегнале на повредите.






Кина ги обвини индиските сили за извршување провокативни напади врз нејзините трупи и не соопшти дали е убиен некој од нејзините војници. Индиското МНР соопшти дека жртви имало на двете страни.

Според неименуван извор од индиската Влада, војниците се судриле со железни шипки и камења, без да бидат испукани куршуми.

Тоа е прв конфликт помеѓу двата азиски гиганти од 1975 година. Спорната граница зафаќа речиси 3.500 километри.

Поврзани содржини