Индискa варијанта на коронавирусот во Израел
Велика Британија и Ирска исто така објавија дека ја истражуваат индиската варијанта откако ја откриле во нивната земја.
Израел регистрира осум случаи на варијанти на коронавирус кои првпат се идентификувани во Индија и се верува дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ делумно штити од нив, изјави денеска израелски здравствен службеник.
„Првите седум случаи на индиска варијанта на коронавирус беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓе кои пристигнале од надвор и кои оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање“, соопшти Министерството за здравство.