„Индиецот“ одлично се држи, не прима ни специфична терапија

Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата - утринава информираа од МЗ.

698

Заболениот од индискиот сој на ковид-19, кој се лекува во приватна болница во Скопје, е во добра состојба, дознава Плусинфо.

Тој е во добра општа состојба и не прима специфична терапија.






Инаку утринава министерството за здравство информираше дека кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница минатата недела е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2.

– Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик – соопштија од МЗ.

Поврзани содржини