Индијците ги испразниле продавниците поради новите мерки

Во Њу Делхи и Мумбај граѓаните стравуваат од недостиг на храна, а најмногу се купува ориз, брашно, леб, бисквити, масло, објави Би Би Си. Сопствениците на некои продавници изјавиле дека „никогаш досега не виделе таков хаос“.

537

Откако индискиот премиер Нарендра Моди воведе мерка за целосна изолација во земјата, веднаш започнала навалица на продавниците и аптеките.

Во Њу Делхи и Мумбај граѓаните стравуваат од недостиг на храна, а најмногу се купува ориз, брашно, леб, бисквити, масло, објави Би Би Си.






Сопствениците на некои продавници изјавиле дека „никогаш досега не виделе таков хаос“.

Полиција патролира низ улиците на Газиабад, во индиската провинција Утар Прадеш, и преку мегафон ги известува граѓаните да останат во своите домови.

Во Индија живее околу 1,3 милијарди население. Од новиот коронавирус досега се заразени 519 лица, а еден е починат. 

Поврзани содржини