ИНДИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА НЕКОИ ВИДОВИ ОРИЗ Светските цени пораснаа за 2,8 отсто за еден месец

Индексот на цените на оризот на ФАО веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули, оцени високиот аналитичар на глобалната банка за храна Оскар Тјакра.

181

Светските цени на оризот во јули се највисоки од септември 2011 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Глобалниот индекс на цените на оризот се зголеми  на месечно ниво  за 2,8 отсто во јули, на 129,7 поени, што е највисоко во последните 12 години.






Споредено со ланскиот јули цената на оризот се зголеми за 19,7 отсто поради забраната на Индија за извоз на некои видови ориз и неповолните временски услови кои би можеле да влијаат на производството, а во Виетнам поради дождовите е запрена жетвата.

Владата во Њу Делхи се обидува да го спречи растот на цените на оризот во земјата и да обезбеди доволно залихи.

Индија учествува со повеќе од 40% во глобалната трговија со ориз.

-Индексот на цените на оризот на ФАО веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули – оцени високиот аналитичар на глобалната банка за храна Оскар Тјакра.

Поврзани содржини