ИНДИЈА И ПАКИСТАН НАЈАВИЈА ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ Њу Делхи не сака Трамп да посредува во решавањето на спорот

По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти.

70

Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили.

По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти.






Примирјето во Кашмир пред 2 дена беше најавено од претседателот на САД, Доналд Трамп, по четиридневните меѓусебни напади, дипломатија и притисок од Вашингтон.

Исламабад му се заблагодари на Вашингтон за олеснувањето на прекинот на огнот и ја поздрави понудата на Трамп за посредување во спорот со Индија за Кашмир. Но, Њу Делхи не го коментираше учеството на САД во примирјето. Индија тврди дека споровите со соседите треба директно да се решаваат, а не со посредство на трета страна.

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Одекнаа експлозии во Кашмир

Поврзани содржини