ИНДИЈА ЈА СОЏВАКА КИНА ВО НАСЕЛЕНИЕТО Како се случи да имаме нов светски економски тигар?
Кина ќе падне под милијарда жители до крајот на столетието и можеби нема да биде првата економија. Индија ќе расте до 1,7 милијарди до 2064 година, кога ќе почне да опаѓа. Индија има повеќе млади луѓе од Кина. Таа стана петта економија во светот преку ноќ и ја престигна Велика Британија.
Кина од вчера веќе не е најбројна земја во светот. Со 1,4 милијарди жители Кина е престигната од Индија, новата сила која се наѕира на хоризонтот. За првпат по 1950-тите години Кина губи население, а може да падне и под милијарда пред крајот на векот, пишува Гардијан. Се чини дека политиката за едно дете која Кина ја воведе во 1980-тите си пукаше во ногата.
Што значи ова за новиот мултиполарен свет во кој освен Кина и Русија, сега играч станува Индија? Се вели дека растот на Индија е најзначајната демографска промена на столетието. Барем откако Обединетите Нации водат сметка, од 1950 година.
Индија неодамна стана петта економија во светот и ја престигна Велика Британија. Ова се случи и покрај тоа што во земјата работат и помалку од половина од работоспособните мажи, односно петтина од работоспособните жени.
🚨 #India has surpassed #China as the world’s most populous nation, according to @UN data. Check out this world #population bar chart race animation (using @f_l_o_u_r_i_s_h data visualization tool).
🇮🇳 India population – 1,428.6 million
🇨🇳China population – 1,425.7 million pic.twitter.com/PZIe90A2Hy— MacroMicro (@MacroMicroMe) April 19, 2023
Сакавте прво па машко, е па сега снема жени за да раѓаат
Како се случи Кина да го загуби приматот? Дел од проблемот со опаѓањето на населението е тоа што Кинезите традиционално сакаат да имаат машки деца. Резултатот? Сега мажите ги надминуваат жените за околу 32 милиони. Според Меи Фонт, авторка на „Едно дете, книга за влијанието на политиката“, исчезнале милиони жени.
Работоспособните луѓе во просек се намалиле за 38 милиони само за три години. Ова значи застој на економијата. И покрај тоа што Кина ги држи конците во многу трговски синџири на Пацификот.
Кога зборуваме за мерките во Кина во последните 40 години, треба да се спомне дека тие биле успешни бидејќи вклучувале казни за дополнителни деца, принудни абортуси и стерилизации.
Кина не може да се развива економски, бидејќи работоспособните луѓе се намалиле за 38 милиони само во последните три години.
Ни Индија нема да расте вечно, пикот ќе биде во 2064 година
Падот на населението во Кина може да се илустрира на следниот начин. За секое новороденче во земјата, во соседна Индија се раѓаат 1,7 новороденчиња, во превод две деца. Во просек во Индија се раѓаат 86.000 бебиња дневно за разлика од 49.400 во Кина.
Индија пораснала за цела милијарда од 1950-тите па наваму. Но, на тој раст ќе му дојде крајот во 2064 година, кога би бил достигнат врвот од 1,7 милијарди.
Дотогаш Кина ќе се бори со малиот пораст. Всушност, Кина неодамна мораше да ги поттикне жените да имаат повеќе деца. Во моментот тие раѓаат околу 1,2 деца, што значи дека за 20 години населението ќе опадне речиси за 10 отсто.
Where do 8 billon world’s population live — shown by population distribution. #india surpassed #china #population #Crisis pic.twitter.com/TrZFY7F4vI
— Kamla K. Tripathi (@kkt_tweet) April 20, 2023
Пораснаа колку еден Бразил за една деценија, но нема да експлодираат
Според Пунам Мутреја, извршен директор на Фондација за население на Индија, земјата сепак нема да „експлодира“.
– Претходните проекции велеа дека ќе ја престигнеме Кина во 2027 година, така што тоа се случи четири години побрзо, најмногу поради нашата млада популација. Но, во исто време, ние исто така го намаливме нашиот раст на населението и достигнавме стабилизација на населението побрзо отколку што замислувавме и тоа ќе продолжи да забавува сè додека останеме на вистинскиот пат. Затоа, мислам дека нема потреба од паника – вели Мутреја.
Индија го одложува својот попис на населението од 2021 година, пред сè, поради пандемијата со ковид-19. Обединетите Нации ја притискаат земјата да се преброи. На ОН им е битно да потврдат дали е точна експертската проекција дека Индија за само десет години пораснала за 200 милиони жители, што е повеќе од целото население на Бразил.
Сиромашните и новородените ќе одлучуваат за Индија
Индија не е совршено богата земја за живеење. Проблем ќе биде од што ќе живеат овие луѓе, но и каде. Се смета дека третина од новородените ќе се родат во само две држави на северот од земјата, Бихар и Утар Прадеш. Истовремено, тоа се најсиромашните земјоделски краеви.
Утар Прадеш со своите 235 милони жители е поброен од цел Бразил или Нигерија.
Просперитетот и писменоста во Индија се на југот, а во тие држави населението најмногу старее.
Оваа разлика ги плаши индиските политичари од југот бидејќи знаат дека побројните држави на северот ќе имаат повеќе пратеници во парламентот. Мнозинскиот север ќе одлучува за Индија.
Можеби ова е причина повеќе да се комплицираат работите околу резултатите од пописот.