🎥 „ИНДЕКСОТ Е ПОСИЛЕН ОД ПЕНДРЕКОТ“ По крвавата ноќ во Нови Сад, протести во цела Србија

Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси, велат студентите во блокада,

893

Откако синоќа полицијата со топови, солзавец и со пендреци жестокот го разби собирот во кампусот на Универзитетот во Нови Сад, денеска се одржуваат протести во повеќе српски градови. Илјадници граѓани и студенти се собраа на улиците како одговор на, како што велат, бруталните акции на полицијата. Мотото на вечерашните протести е „Со кичма против насилството“.

Протестантите во Нови Сад носат пораки „Ќе одговарате.






Студентите во блокада обвинија дека инцидентите биле инсценирани, а полициската интервенција однапред планирана.

„Оние кои го нарачаа синоќешниот варваризам се свесни дека институционалното решавање на кризата би ги довело до доживотен затвор и се подготвени да ја жртвуваат Србија за да се спасат себеси“, наведоа
тие.

Студентите од блокираните високообразовни институции најавија дека во понеделник ќе одржат голем протест во Белград, со почеток во 14 часот пред Владата. Мотото на тој протест ќе биде „Индексот е посилен од палките“.

„Сè запира во понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.

Студентите на Универзитетот во Ниш, пак, утре од 18 часот ќе го одржат протестот „Од другата страна на реката“. Овој протест ќе се одвива паралелно со најавениот протест на „граѓаните против блокадите“. Студентите повикаа на мирен и достоинствен собир, со цел да се покаже „вистинското лице и слободниот дух“ на Ниш.

Поврзани содржини