ИНЦИДЕНТОТ ВО ПОЛСКА НЕ БИЛ НАМЕРЕН Столтенберг смета дека индиректно Русија е виновна
Украина не е виновна, Русија сноси целосна одговорност за продолжувањето на војната. Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна - рече Столтенберг.
Нема индикации дека синоќешниот инцидент во Полска бил намерен, ниту дека Русија подготвува воен напад врз НАТО, изјави генералниот секретар на Јенс Столтенберг на прес-конференција по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет.
– Истрагата за случајот продолжува и треба да ги почекаме резултатите. Прелиминарната проценка покажува дека инцидентот најверојатно е последица на тоа што украинската воздушна одбрана дејствувала против руските ракетни напади. Украина не е виновна, Русија сноси целосна одговорност за продолжувањето на војната. Русија мора да ја прекине оваа бесмислена војна – рече Столтенберг.
Тој информира дека разговарал со претседателите на САД и на Полска, Џо Бајден и Анджеј Дуда и констатирале дека е неопходно да се остане смирен.
– Секогаш сме подготвени да го направиме она што е неопходно за да го заштитиме секој сојузник – рече Столтенберг.