ИНЦИДЕНТОТ НЕМА ДА ГО ПОКОЛЕБА БЕСЛИМОВСКИ МЕПСО алармираше за „У пауер“

РКЕ ги презеде сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем, вели претседателот на комисијата.

363

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вечерва изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели.

– Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У пауер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби – истакна Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.






Тој посочи дека доколку се злоупотребат резервите и наместо да се балансира системот, тие се користат за комерцијални цели, тогаш би бил загрозен енергетскиот сектор.

Инцидентот во кој беше нападнат, како што рече, нема да го поколеба да работи исклучиво согласно законот.

Поврзани содржини