🎥 ИНЦИДЕНТИ ВО БЕЛГРАД Нападнати се студенти, приведено е едно лице

Една студентка била турната по скалите, паднала и се повредила на главата. Заедно со уште петмина колеги, таа била итно пренесена во Ургентниот центар за медицинска помош.

1,156

Шест студенти се здобиле со повреди за време на три одделни инциденти на Правниот факултет во Белград, објави Инстаграм профилот „Студенти во блокада“.

Овие инциденти се случиле во период на блокади на факултетите низ Србија, иницирани по трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, каде што во несреќа загинаа 15 луѓе, а две лица беа тешко повредени.






Студентите бараат одговорност за оваа катастрофа. Според објавеното, непознати напаѓачи користеле стаклени и пластични шишиња како оружје против студентите.

Една студентка била турната по скалите, паднала и се повредила на главата. Заедно со уште петмина колеги, таа била итно пренесена во Ургентниот центар за медицинска помош.

Вкупно седум лица биле повредени, но според изјавата на дежурниот лекар, станува збор за полесни повреди, без видливи сериозни последици.

Студентите упатија јасно барање до властите да ги идентификуваат и казнат напаѓачите. На социјалните мрежи беше објавена и снимка на која се гледа како полицијата приведува осомничено лице поврзано со нападите.

Поврзани содржини