📽️ ИНЦИДЕНТИ ЈА ТРЕСАТ РУСКАТА ВОЈСКА Ќе се испијанат и пукаат едни во други

Западните разузнавачки агенции забележаа бројни инциденти на меѓу руските војници од почетокот на инвазијата на Украина.

1,042

Се зголемува бројот на инцидентите во пијана состојба меѓу руските војници. За последниот на  социјалната мрежа „Х“ пишува и  Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Тој објави видео на кое се гледаат руски војници врзани за дрво, а други војници ги тепаат затоа што биле пијани и почнале да стрелаат едни во други.






Инцидентот, според украинскиот советник, наводно завршил со еден загинат и неколку повредени.

– Што ти е, шупак? Дали и вие сте пијан? Ти си пијан – се слуша како велат на видеото.

Речиси исто видео видео беше објавено и порано на мрежата Х. На почетокот на мај војник уби шестмина свои соборци, а Герашченко тврди дека новото видео е за истата воена единица, наречена „Бура З“.

Западните разузнавачки агенции забележаа бројни инциденти на меѓу руските војници од почетокот на инвазијата на Украина.

Поврзани содржини