ИНЦИДЕНТ ВО ВЕСТМИНСТЕР Уапсен маж кој се доближил до ковчегот на Кралицата

Околу 23:00 часот, полицајците на Парламентот и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање, соопшти Скотланд Јард.

205

Еден човек е уапсен откако се приближил до ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора, кој е изложен во Вестминстерската сала, јавува Би-Би-Си.

Тој е уапсен поради јавен неред и приведен, соопшти лондонската полиција.






Инцидентот во најстарата зграда на парламентот се случил синоќа околу 23:00 часот.

– Околу 23:00 часот, полицајците на Парламентот и службениците за дипломатска заштита приведоа маж во Вестминстерската сала поради малтретирање – соопшти Скотланд Јард.

Ковчегот ќе остане во Вестминстер до погребот во понеделник.

Поврзани содржини