ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Го зел починатото тело на мајка му и побегнал
Случката во СВР Тетово ја пријавила вработена во Инфективното одделение.
Тетовец ноќеска на полноќ насила ја зел починатата мајка од ковид-19 од Инфективносто одделение во тетовската Клиничка болница, ја ставил во кола и си заминал.
Десет минути потоа вработена во Инфективното одделение го пријавила случајот во СВР Тетово.
Таа пријавила дека петнаесетина минути пред тоа едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, а која претходно починала од ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.