Вчера во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски, информираше Министерството за внатрешни работи (МР).
„По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.