ИНЦИДЕНТ ВО КРУШЕВО Нападнат новинарот на Инфомакс (ВИДЕО)
Претходно Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини власта дека на церемонијата во Крушево влезот им бил допуштен единствено на членовите на СДСМ.
Кога пристигна Таче (Димитар Ковачевски) поголема група на граѓани почна да скандираат никогаш Cеверна, Само Македонија и го исвиркуваа Ковачевски, во тој момент група на СДСМ со партиското обезбедување започна да ги бутка луѓето по што ме нападнаа и мене бидејќи сум бил „партиски снимател“. Им велам јас сум обележан од глава до пети, тргни рацете од мене, јас сум на работа. Викнав полиција која дојде да ме спасува по што вербално ја нападнаа и полицијата, вели репортерот на Инфомакс, Борислав Стоилковиќ.
Од објавеното видео може да се забележи дека во непосредна близина на Мечкин Камен, каде денеска се одржа централната прослава на Илинден, насобраните граѓани се буткаат со обезбедувањето.
Претходно Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, ја обвини власта дека на церемонијата во Крушево влезот им бил допуштен единствено на членовите на СДСМ.
Инцидент при обидот на партиското обезбедување на СДС да воспоставува ред и молк на Мечкин Камен. Полицијата не интервенира.#Окупација pic.twitter.com/WXhHbL9Xy4
— p|ps 👌 (@m0rban) August 2, 2022